Top Sport

Мекманаман: Погба не играше доволно за Реал да се заинтересирани

Иако неговиот менаџер Мино Рајола повторно најави дека Пол Погба ќе заврши во Реал Мадрид, поранешниот фудбалер на „кралевите“ Стив Мекманаман смета дека Французинот не играл доволно оваа сезона за да биде интересен за клубот.

Мекманаман не е сигурен дека Реал ќе се вклучи во „трката“ за Погба, посебно бидејќи тој има само 8 настапи за Манчестер јунајтед оваа сезона поради повредата на скочниот зглоб.

„Тој нема играно доволно фудбал оваа сезона за Реал да бидат вистински заинтересирани. Ако остане, игра и се врати во топ физичка форма во Манчестер јунајтед, ќе добие место во стартниот состав. Немања Матиќ и Хуан Мата се една година постари, а Пол е доволно добар да игра на нивната позиција покрај Бруно Фернандеш, така што нема да има проблеми во Јунајтед. Да видиме што ќе се случи“, вели Мекманаман.

Scroll to Top