Top Sport

Мексиканската федерација го укина проблематичниот клуб Веракруз

По турбулентни неколку години и катастрофалната форма и бунтот на играчите оваа сезона, мексиканските власти го „растурија“ клубот Веракруз и го исфрлија од Лига МХ.

Фудбалерите го обвинуваа сопственикот Фидел Кури за неплаќање на нивните плати, нешто што траеше и минатат асезона, а во октомври тие протестираа со стоење неколку минути на стартот на мечот против Тигрес.

Покрај овие проблеми, Веракруз оваа сезона за малку ќе го срушеше рекордот за низа без победи, откако победи во 42-риот меч во низа (1:0 над Пуебла) во 16. коло на Апертура во Лига МХ.

Лигата прво му забрани на Кури да присуствува на состанокот на сопствениците на клубовите, и ја предаде судбината на клубот на Мексиканската фудбалска федерација, која го исклучи клубот и Кури од сите нивни натпреварувања.

Сепак, има надеж за Веркруз, или популарните „Тибуронес рохос“ (Црвени ајкули), бидејќи „трејдмаркот“ на клубот е во сопственост на федералната држава Веракруз и навивачите се надеваат дека ќе се појават нови сопственици кои ќе сакаат да го воскреснат клубот.

Фудбалерите, сега, се слободни агенти, а тие на кои им се должат плати ќе можат да ја бараат правдата пред судовите. Иако повеќе фудбалери си заминаа во текот на летото, клубот уште има 21 член на првиот клуб плус 60 фудбалери во академиите.

Бизарни сцени во Мексико – фудбалерите на Веракруз одбија да играат, Тигрес им дадоа два гола (видео)

Scroll to Top