Фудбалерот на Манчестер јунајтед стана рекордер во Премиер лигата, откако неговиот груб старт на почетокот на мечот против Њукасл на „Боксинг деј“ му донесе најбрз жолт картон во историјата на ПЛ по само 24 секунди, иако мора да биде среќен што не доби директен црвен картон.
23-годишниот Шкотланѓанец влезе остро на Шон Лонгстаф и од црвен картон го спаси само фактот што контактот беше минимален поради лош тајминг. Фудбалерите на Њукасл бараа директен црвен картон за Мектоминеј. Подоцна во мечот, тој имаше уште еден груб старт на Алмирон, но судијата му прогледа низ прсти.
Јунајтед водат со 3:1 откако Мети Лонгстаф по вторпат ги шокираше Јунајтед со гол, пред домаќините да се вратат со три гола до полувреме.