Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело открил зошто му пропаднал трансферот во Реал Мадрид. Тој тврди дека во 2010 година постигнал договор за преселба на „Сантијаг Бернабеу“.
Мело трансферот го договорил пред почетокот на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Реал се откажале од трансферот, поради инцидентот кој се случил на мечот Бразил-Холандија. Мело на тој натпревар го згазнал Аријан Робен и добил црвен картон.
„Сѐ беше договорено, но се случи тоа со Робен и трансферот пропадна. Останав во Јувентус, потоа се преселив во Галатасарај. Таму станав најдобриот Бразилец во турскиот фудбал, освојував трофеи. Тоа е незаборавно. Можеби со Реал ќе испишев историја, но сигурно немаше да бидам обожуван како во Галатасарај“, рекол Мело.
Фелипе Мело иако има 37 години се уште е активен, тој на залезот од кариерата игра во Палмеирас.