Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл, во целост им бил посветен на своите обврски во „кралскиот клуб“, рекол неговиот менаџер Џонатан Барнет, одговарајќи на шпекулациите дека Велшанецот ќе биде ставен на трансфер листата.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, по неделниот пораз од Рајо Валјекано (1:0), пред новинарите рекол дека не е сигурен дали Бејл е фокусиран на клупските обврски.
Зидан ова го изјавил откако Бејл од стадионот на Рајо не заминал со клупскиот автобус, туку со својот автомобил заминал на аеродромот во Мадрид каде го чекал приватен авион.
„Бејл е 100 отсто му е посветен на Реал, тука ништо не се сменило“, рекол Барнет.
Претходно шпанските медуми пишуваа дека Реал ќе го пуштат Бејл на позајмица, бидејќи се сигурни дека нема да можат да го продадат во летниот преоден рок.