Top Sport

Менаџерот на Бристол ќе го пречека Мурињо со вино од 450 фунти

Менаџерот на англискиот второлигаш Бристол сити, Ли Џонсон, се надева дека шишето вино кое чини 450 фунти ќе го убеди Жозе Мурињо на „дружба“ по четврт-финалето од Лига купот во среда.

Тимот од Чемпионшип го пречекува Јунајтед во нивното прво четврт-финале од 1989 година, и Џонсон признава дека би сакал да има малку време за разговор со португалскиот стручњак.

„Се надевам! Потрошив дури 450 фунти на шише вино. Морав да ја скршам касичката на мојата ќерка. Виното дојде специјално од Португалија“, вели Џонсон.

36-годишниот менаџер, кој го предводеше тимот на Бристол до 8 победи во последните 10 меча, вели дека побарал „Барса Веља“ црвено вино од 2004 година, кое наводно е омиленото на поранешниот менаџер на Челси, Порто и Реал Мадрид.

„Малку се потрудив и дознав дека Жозе го сака ова вино, кое исто така треба да биде истурано во чаши од експерт. Се надевам дека ќе поразговараме малку и ќе се обидам да научам нешто од него во тие 5 или 10 минути. Тој е на врвот на својата кариера со фантастични квалитети. Сите млади тренери како мене сакаат да научат нешто од таков човек“, додава Џонсон.

Scroll to Top