Top Sport

Менаџерот на Мидлзборо ги предупреди играчите за менувањето дрес со Роналдо

Менаџерот на Мидлзборо, Крис Вајлдер им порача на своите фудбалери дека гостувањето кај Манчестер јунајтед во ФА купот в петок не е „ситуација за менување дресови“ и дека не се на туристичка посета на „Олд Трафорд“.

Боро гостуваат во четвртото коло на ФА купот кај „ѓаволите“ откако драматично го совладаа четвртолигашот Менсфилд таун во претходното коло. Вајлдер, кој пред една година ги победи Јунајтед со 2:1 со стариот клуб, Шефилд јунајтед, вели дека менувањето дресови ќе биде зад затворени врати.

„Ќе дојде нивниот состав во нашата соблекувална и не треба да се скршиме кога ќе видиме: Де Хеа, Варан, Мегваер, Роналдо… Имаат фантастични играчи со кои можат да победат било кого. Но, не одиме на туристичка посета, не сакам моите играчи да уживаат во посетата. Ако сакаат дрес, нека побараат после во соблекувална. Тие ни се ривали, не идоли“, вели Вајлдер.

Scroll to Top