Top Sport

Менаџерот откри колку пари бара ПСЖ за Нејмар

Нејмар секогаш е во плановите на претседателот на реал Флорентино Перез, тврди познатиот менаџер Вагнер Рибеиро кој учествувал во трансферите на Нејмар, Кака и Робињо.

Рибеиро со години се грижеле за кариерата на Нејмар. Тој е „вмешан“ во неговиот трансфер во Барселона откаде за рекордни 222 милиони евра замина во ПСЖ.

„Добивавме понуди од целиот свет. Челси ни испратија понуда кога бевме во Њујорк во 2010 година кога Нејмар дебитираше за Бразил. Ја проучивме понудата, но не решивме ништо. Потоа му ја пренесовме на таткото на Нејмар, тој веднаш ја одби“, рекол Рибеиро за ЕСПН и дополнил.

„Подоцна добивме понуди од Јувентус и Баерн, а од Реал ме бараа неколку пати, лично се јавуваше Флорентино Перез. Се сретнавме во април минатата година, ми кажа дека сонува за Нејмар. Тој што го сака Нејмар ќе мора да плати 164 милиони евра, толку бара ПСЖ. Тој е подобар од Меси и Роналдо. Никогаш не одиграл лош натпревар“.

Scroll to Top