Top Sport

Менаџерот зема 43 отсто од трансферот на Алексис Санчез

Прашање на време е кога Манчестер јунајтед ќе го официјализира трансферот на Алексис Санчез. Чилеанецот шест месеци пред истекот на договорот го напушта Арсенал, кој барем нешто ќе заработи од трансферот на Чилеанецот.

Покрај Арсенал и Санчез, кој според шпекулациите ќе стане најплатениот играч во Премиер лигата со неделна плата од 400.000 фунти, добро ќе заработи и неговиот менаџер, чие име речиси е да е непознато за пошироката фудбалска јавност.

Негови клиенти се речиси сите најдобри во чилеанскиот фудбал: Артуро Видал, Гери Медела, Клаудио Браво, Чарлс Арангуиз…и секако Алексис Санчез.

Неговото име е Фернандо Фелиќевиќ и од трансферот на Санчез во Јунајтед ќе заработи 15 милиони фунти (17 милиони евра).

Фелиќевиќ е вистински бизнисмен, говори неколку јазици и има успешна соработка со многу менаџери и агенции во светот. Завршил мастер студии на универзитетот во Париз уште во 2002 година, а потоа поради добрата поврзаност со фудбалерите станал менаџер.

Го нарекуваат и „Кралот на јужноамериканскиот фудбал“. Исклучително е способен, а тоа го потврдува и фактот што тој добива 43 отсто од трансферот на Алексис Санчез, за кого Манчестер јунајтед ќе плати 35 килиони фунти. Договорот бил Арсенал да добие 20 милиони фунти, а остатокот да оди кај менаџерот Фелиќевиќ.

Scroll to Top