Top Sport

Мендез го трасира патот на Селта, четврта победа во низа!

Шпанска Селта од Виго повторно забележа победа во шпанската Ла Лига. Денеска „сините“ со 2-0 беа подобри од Алавес во рамки на мечот од 14. коло и ја забележаа четвртата победа во низа во најквалитетното друштво.

По претходните триумфи на Атлетик Билбао, Кадиз и Гранада, падна и Алавес. Благодарение на одличниот Мендез (23) кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Првиот удар за противничката екипа го зададе во 19 минута, а конечните 2-0 беа дело во 80 минута од мечот.

Следен предизвик за екипата на Селта предводена од капитенот Јаго Аспаз е гостување кај Хетафе.

Селта сега е седма на табелата со 19 бода.

Алавес пак е 16-ти со 14 бода, со само еден бод над зоната за испаѓање.

Scroll to Top