Top Sport

Менди обвинет за уште две силувања

Бенжамин Менди е обвинет за уште две силувања, јавија англиските и француските медиуми кои го следат судењето на фудбалерот, на Манчестер сити. Менди во август беше обвинет за четири силувања. Откако беше обвинет Манчестер сити го суспендираше.

27-годишниот фудбалер се наоѓа во затвор, судот ги одби сите негови барања да се брани од слобода.

На Менди сега му се суди за шест силувања и еден сексуален напад. Менди се соочува со долга затворска казна.

Светскиот првак со Франција во 2018 година, утре ќе се појави пред судот во Стокпорт. Судењето за шестте силувања и сексуалниот напад ќе започне на 24.јануари во Честер.

Scroll to Top