Борусија Менхенгладбах се вратија на победите откако ги совладаа ги Хамбургер со 3:1 во првиот натпревар од 17. коло на Бундеслигата.
Домаќините немаа победа откако ги совладаа Баерн Минхен во 13-тото коло, и почнаа одлично против Хамбургер во последниот домашен меч оваа година, откако Торген Азар одлично налета на додавањето на Рафаел за водство во 9-тата минута.
По неколку шанси во првото полувреме на домаќините, Хамбургер имаше подобар старт на второто, по што Андре Хан постигна гол против поранешниот тим. Гладбах успеа да ја врати предноста преку голот на Рафаел со брз против-напад, а Бразилецот додаде уште еден за импресивна победа на „ждребињата“.