Мерсисајд дербито на „Гудисон Парк“ помеѓу Евертон и Ливерпул кое заврши без голови привлече големо внимание во Велика Британија.
Синоќешната пресметка на градските ривали е најгледаниот фудбалски натпревар во историјата на Премиерлигата.
Во просек дербито на Ливерпул го гледале пет милиони луѓе, додека најголемиот пик бил кога пред телевизиските приемници во еден момент биле 5,5 милиони луѓе.
Натпреварот поради пандемијата со коронавирусот се одигра пред празни трибини.