Наполи ќе го почне второто полувреме на мега-пресметката со Барселона во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите со минимална предност, откако белгискиот ас, Дрис Мертенс постигна фантастичен гол за 1:0 водство, додека на „Стемфорд бриџ“, Челси и Баерн Минхен уште го чекаат првиот гол.
Пред верната публика на „Сан Паоло“, Мертенс во 30. минута доби убава топка на работ на шестнаесетникот и едноставно не му даде шанса на Тер Штеген за интервенција. Ова беше 121. гол на Мертенс во дресот на „партенопеи“ со што го израмни рекордот на клубот кој досега беше сопственост на Марек Хамшик.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, засега останува на клупата.
Mertens goal against Barcelona
(1-0) pic.twitter.com/UGN0btMAjb— Last Goal (@goallinehere) February 25, 2020