Дрис Мертенс ќе ја продолжи соработката со Наполи, тврди „Скај Спорт Италија“. Најдобриот стрелец во историјата на Наполи (тој и Марек Хамшик постигнале по 121 гол) ќе остане на „Сан Паоло“ до јуни 2022 година.
Договорот на Мертенс истекува ова лето поради што интерес за него пројавија неколку екипи од Серија А и Премиер лигата.
Сепак, како што тврдат медиумите тој се договорил со претседателот Аурелио Де Лаурентинс да остане во клубот, а според „Скај Спорт Италија“, оваа информација наскоро ќе добие и официјална потврда.
Мертенс со новиот договор ќе добие годишна плата од 4,5 милиони евра.
Оваа сезона Мертенс има постигнато 12 гола.