Дрис Мертенс шест години е играч на Наполи, тој е трет стрелец во историјата на клубот, зад Марадона и Хамшик и еден од носителите на играта на екипата што ја предводи Карло Анчелоти.
Во интервју за официјалната интернет страница на Серија А тој рекол дека се чувствува како да е роден во Неапол. Во овој град стекнал многу пријатели, кои му го дале прекарот Чиро.
Стрелецот на 114 гола за Наполи раскажал и една интересна анегдота.
„Комшивка ми е една возрасна, 75 годишна госпоѓа. Секое утро ми вели:’Добро играче, ти си добро момче’. Сепак кога ќе одиграм лошо добиам по носот. Неколку пати ми има залепено шлаканица со констатација дека треба да играм подобро. Такви работи не се случуваат во Белгија“, раскажал Мертенс.