Дрис Мертенс ќе замине следното лето од тимот на Наполи по крајот на договорот откако клубовите од САД и од Кина му нудат далеку подобар финансиски договор, јавува италијанскиот весник „Ла република“.
Сепак, Белгиецот повеќе би сакал да се врати во својата татковина и да игра во Андерлехт, славниот тим кој е во длабока криза и каде што ова лето се врати и Винсен Компани од Манчестер сити. 32-годишниот напаѓач и ова лето имаше понуда од Далијан Аербин од Кина, но преговорите меѓу двата тима не течеа најдобро.
Мертенс дојде во Неапол од ПСВ Ајндховен во 2013 година за 9.5 милиони евра, и оттогаш постигна 110 голови и имаше 68 асистенции во 284 натпревари.