Пред вечерното дерби против Милан, белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс изјави дека тренерот на „партонепеи“, Маурицио Сари е 12-тиот човек на теренот на тимот и го пофали дека тој го „научил да игра фудбал“.
Белгиецот блеска под водство на Сари со својот необичен стил, со кој Наполи имаат 10 победи во првите 12 лигашки италијански натпревари. Еден од потезите на Сари беше да го „трансформир“ Мертенс од крило во вистински напаѓач и Белгиецот врати со 42 гола во 53 натпревари од минатиот октомври.
„Сари ме научи фудбал! Тој е тренер кој навистина ми се допаѓа – доброподготвен и научен во пристапот на анализата на натпреварите. Најмногу ми се допаѓа како ги организира фазите кога не ја имаш топката во ноза и притисокот кон противниците во таа статична игра. Изгледа како тој веќе да го одиграл натпреварот во главата и затоа како да имате играч повеќе на теренот“, вели Мертенс во интервју за „Кориере дело спорт“.
Мертенс има верба во скудетото, иако тимот неодамна загуби двајца клучни играчи со сериозни повреди.
„Немавме среќа со Арек Милик и со Фаузи Гулам, а во нашиот тим нема 30 играчи за бирање како во некои големи тимови. Но, со желбата ќе го надополниме тоа“, вели Сари.