Наполи на Карло Анчелоти претендира да биде главен конкурент на Јувентус за титулата во Италија оваа сезона, и сега се доближи на само три поени до „бјанконерите“ (со натпревар повеќе) по 5:1 победата над Емполи во првиот натпревар од 11. коло.
Лоренцо Инсиње уште во деветтата минута ги донесе „партенопеи“ до водство по еден брз напад и асистенција на Кулибали, а во 38. минута Дрис Мертенс зголеми на 2:0 со фантастичен гол од дваесетина метри.
Гостите се обидоа да се вратат во второто полувреме, откако Капуто во 58. минута избега на одбраната на Наполи да намали на 2:1, пред шест минути подоцна Мертенс со уште еден убав гол да го осигура победникот. Милик во 90-тата минута зголеми на 4:1, пред белгискиот ас Мертенс да го комплетира хет-трикот во 93. минута.
Фото: ЕПА