Top Sport

Меси до Агуеро: Немој да одиш во Реал

Лионел Меси го советувал својот сонародник Серхио Агуеро да не направи трансфер во Реал Мадрид следната година, тврди шпанскиот „Диарио гол“.

Претседателот на Мадрид, Флорентино Перез го посочил напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро како совршено засилување за „Лос бланкос“ и верува дека може да го убеди Аргентинецот да дојде во Шпанија ако Пеп Гвардиола навистина сака да го донесе Алексис Санчез од Арсенал.

29-годишниот Кун Агуеро во средата стана најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити со 167. гол во синиот дрес, и ужива во љубовта на навивачите на клубот.

„Диарио гол“ тврди дека Меси постојано му праќал пораки на добриот пријател Агуеро во кои му сугерирал дека е подобро да остане во Манчестер поради формата на Реал Мадрид,но и поради одличната работа која Гвардиола ја прави со тимот на Сити.

Scroll to Top