Лионел Меси призна дека му недостасува Нејмар во прекрасна божиќна честитка до својот поранешен колега, а очигледно уште добар пријател.
Нејмар во текот на летото замина за Пари Сен-Жермен како најскап фудбалер во историјата (222 милиуони евра), привлечен од понудата да биде лидер на францускиот тим. Многумина сметаа дека дел од неговите мотиви е да излезе од сенката на Лионел Меси, но очигледно атмосферата е многу попријателска.
„Па, Неј… Мислам дека си кажавме речиси сè кога замина. Вистината е дека ни недостасуваш. Би сакале да споделиме едно мате во утрото со Луис Суарез и со тебе. Како и секогаш, ти посакувам најдобро каде и да си и верувам дека повторно ќе се сретнеме надвор или на теренот многу наскоро. Чувај се“, изјави Меси во краткото видео. Мате е тип на јужноамерикански топол пијалок.
Нејмар одговори на ова.
„Благодарам, брату. За мене ти си идол и голем пријател. Ве гушкам сите“, изјави Нејмар.