Top Sport

Меси чека „извинување“ од Лапорта за да се врати во Барса?

Можното враќање на Лионел Меси на „Ноу Камп“ пак ги возбуди навивачите на клубот, откако потпретседателот на клубот призна дека разговарал со неговиот татко и агент, Хорхе Меси, но според „Мундо депортиво“, аргентинскиот фудбалер сака да добие состанок со претседателот Жоан Лапорта, бидејќи смета дека работите не завршиле најдобро при неговото заминување пред две години.

И покрај финансиските проблеми, се верува дека постои вистинска шанса 36-годишниот Меси да се согласи за пристигнување по крајот на неговиот договор со Пари Сен-Жермен, но според изворите на „МД“, потребни се одредени чекори од управата на клубот и од Лапорта, првично на состанок меѓу двете страни.

Меси си замина во 2021 година од Барселона, откако Лапорта оцени дека не е возможно да му дадат нов договор кој ги исполнув строгите услови на шпанската Ла лига, иако Меси наводно се согласи на 50 осто намалување на платата.

Scroll to Top