Top Sport

Меси доаѓа во Филаделфија – Картите распродадени за осум минути

Претстојниот дуел меѓу Интер Мајами и Филаделфија Унион во полуфиналето на Лига купот на САД е распродаден во рекордно време со рекордно високи цени на билетите.

Редовната и онлајн продажбата за овој натпревар започнаа во 14:00 часот, а клубот домаќин Филаделфија Унион во 14:08 објави дека сите билети се распродадени. Во прдабжба останал уште ограничен број билети за стоење.

Најевтините билети за стоење се 317 долари, а најниската понуда за двајца е 322 долари. Цените се движеа од 400 до 600 долари, а најскапите билети достигнуваат цена до 1.700 долари.

За споредба, билетите за претходниот натпревар на Филаделфија против Далас се движеа од 35 до 102 долари.

На стадионот „Субару“ Меси ќе има можност да ја продолжи победничката и голгетерска серија. Досега за Интер постигна осум гола на пет натпревари. .

Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Монтереј или Нешвил.

Scroll to Top