Top Sport

Меси донесе важна одлука за следната сезона

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси одлучи да остане во Франција и да игра во дресот на Пари-Сен Жермен до крајот на договорот. Иако постоеја гласини за негово враќање на „Камп Ноу“ по само една сезона во дресот на „светците“, сепак, Меси донел важна одлука дека ќе го испочитува до крај договорот со ПСЖ.

Меси имаше проблеми да се адаптира на новата средина по доаѓањето од Барселона и добиваше критики за игрите, меѓутоа во последниот период неговиот квалитет секако дојде до израз. Аргентинецот има максимална поддршка и од соиграчите и негува извонредни односи со Нејмар, Ди Марија, Паредес и со Верати.

Лионел Меси ќе остане во Париз најмалку до јуни 2023 година, а потоа планира заедно со најдобриот пријател Луис Суарез да му се приклучи на Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам во МЛС – лигата на САД.

Scroll to Top