Лионел Меси, Мохамед Салах, Пол Погба и Рахим Стерлинг се првите ѕвезди на новата реклама за „Пепси макс“, во која четирите фудбалски ѕвезди (кои имаат спонзорски договори со американската компанија), се обидуваат да си украдат една лименка од пијалокот.
Најинтересниот момент секако е кога Салах во маска се обидува да добие селфи со ривалот од Манчестер јунајтед, Погба, пред да му ја земе лименката. Сепак, на крајот се открива дека „мајсторот“ зад играта е токму Меси, како честопати на фудбалскиот терен.