Поранешниот голман на Бока јуниорс и Аргентина, Хуго Гати, го навлече гневот на сонародниците со мислењето што го има за Диего Марадона и Лионел Меси. 76-годишникот не смета дека овие двајца се најдобрите во историјата на фудбалот, според него тоа место е резервирано за Пеле.
„Често го гледав, играв против него, Пеле е најдобриот. Марадона се наоѓа во групата на фудбалери во која се Ди Стефано и Јохан Кројф. Не разбирам зошто многумина сметаат дека Марадона е најдобриот во историјата“, рекол Гати за „Оле“.
„Знаете што е разликата помеѓу Пепе и Марадона? Кога замина во пензија Пеле немаше контроверзен живот каков што имаше Марадона. Диего беше добра, многу, многу добар, но Пеле е најјголемиот во историјата. Диего е сигурно една од најголемите спортски личности во историјата, заедно со Мохамед Али, Мајкл Џордан, Пеле…Никој не може да биде како Диего. Тој беше Господ на земјата“.
Гати е познат и по тоа што често го критикува Лионел Меси, тоа го направил и во интервјуто за „Оле“.
„Меси е најдобра во ерата на лажниот фудбал. Долго, долго време ова што го гледаме не е фудбал. Играат со ВАР, тоа не е фудбал. Немам лошо мислење за Меси. На мојата листата на најдобри фудбалери тој се наоѓа на последното место“.