Top Sport

Меси ги игнорира повиците од Барселона

Лионел Меси, очигледно му е лут на поранешниот клуб Барселона, откако според „Спорт“ одбива да прими повици од каталонскиот клуб, зголемувајќи ги шпекулациите околу неговата иднина по крајот на договорот со Пари Сен-Жермен.

35-годишниот Аргентинец имаше неславно простување со Барселона пред две години, во момент кога тоа беше единствен професионален клуб за кој настапува, откако претседателот Жоан Лапорта му соопшти дека е невозможно да му го обноват договорот поради правилата на Ла лига, иако тој се согласи за 50 отсто помала плата. Но, ситуацијата во Барселона, според нивните извори, е подобрена и постои можност да се „вклопи“ неговата плата за следната сезона, но тој одбива да прими повици од преговарач најмен од Лапорта.

Претходно се шпекулираше дека Меси е подготвен да се пресели во САД, во тимот на Интер Мајами, кој е во ко-сопственост на Дејвид Бекам, кој лично се обидува да го убеди Меси. Според „Атлетик“, претставниците на Мајами веќе разговарале со негвиот татко и агент, Хорхе Меси.

Scroll to Top