Top Sport

Меси го молел Нејмар да се врати во Барселона

Барселона минатата сезона, во полу-финалето, доживеа еден од најтешките порази во Лигата на шампионите. Каталонците имаа предност од 3:0 против Ливерпул, меѓутоа на „Енфилд“ беа прегазени со 4:0. Подоцна Ливерпул против Тотенхем ја освоија титулата.

Катастрофалниот пораз ги погодил сите во клубот. Весникот „Спорт“ објави каква била реакцијата на Лионел Меси, наводно тој прво го контактирал својот поранешен соиграч Нејмар.

„Само заедно можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Те молам врати се. Јас ќе играм уште два години, потоа ти ќе бидеш прва ѕвезда“, наводно му напишал Меси на Бразилецот по поразот на „Енфилд“.

Нејмар во летниот преоден на сите начини се обиде да се врати во Барселона, меѓутоа клубовите не успеаја да се договорат. Од ПСЖ барале најмалку 200 милиони евра, додека Барселона нуделе играчи одредена сума на пари.

Според изјавите на челниците во изминатиот период Барселона ќе се обиде наредното лето повторно да го врати Нејмар на „Ноу Камп“.

Scroll to Top