Фудбалерите на Барселона, од почетокот на сезоната, не бележат очекувани резултати, а една од причините зошто е тоа така ја открива францускиот „Ле 10 Спорт“.
Како што пренесува овој портал на „Кам Ноу“ атмосферата била нарушена поради лошиот однос што владеел помеѓу Лионел Меси и Антоан Гризман.
Наводно Меси сакал во тимот да се врати Нејмар, а не Барселона да плаќа 120 милиони евра за Гризман.
Иако досега има постигнато три гола за Барселона забележливо е дека Гризман се уште се „бара“ на теренот.
Меси сезонава, поради повреда, од почетокот до крај има одиграно само еден натпревар во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите.
„Тешко оди запознавањето“, признал Гризман на прес конференцијата пред мечот со Интер, одигран во средата.
„Ниту еден од нас не сака многу да зборува, а тој долго време беше повреден, поради што немавме многу време за разговор“.
Гризман тешко се вклопува во новиот тим поради што медиумите започнаа да шпекулираат со неговиот евентуален трансфер.