Славија Прага синоќа одигра одличен меч против Барселона на „Ноу Камп“. Играчите на шампионот на Чешка освоија бод, а најзаслужен што резултатот остана 0:0 е голманот Ондреј Коларж.
Голманот Коларж имаше три брилијантни интервенции во првото полувреме (Семедо, Меси, Пике) и две во вториот дел (Серхи Роберто, Меси).
Херојот на Славија по завршувањето на натпреварот бил разочаран од однесувањето на играчите на Барселона, единствено бил воодушевил колегата од спортивната страна Марк-Андре тер Штеген.
Коларж рекол дека тој и неговите соиграчи се радувале на натпреварот, се радувале што ќе играат уште една против големите ѕвезди на славниот стадион. На крајот биле задоволни од резултатот не и од однесувањето на противниците.
„Меси и останатите едноставно заминаа, некои од нив воопшто не се ниту поздравија. Беше тажно. Му се радувавме на овој натпревар, сакавме да ги размениме дресовите, но тие не се однесуваа спортски“, рекол Коларж.
„Однесувањето на Тер Штеген е за пофалаба. Ме чекаше во тунелот. Ми кажа дека долго време не видел толку добар настап на некој голман и дека со задоволство ме гледал како добро играм со топката во нозете“, завршил Коларж.