Летниот одмор уште трае за Лионел Меси, кој најде момент да се забавува со своето огромно куче „Сењор Хулк“, покажувајќи своите фудбалски квалитети и против песот.
Во видео кое го сподели сопругата на Меси, Антонела Рокуцо, Меси неколку пати го „зеза“ својот пес (од расата француски мастиф) и не му дава да дојде до топката. Исто како што прави и со своите ривали, иако забележавме мал момент на нелегална игра со рака.
Кучето Сењор Хулк е со Меси од 2016 година, кога тој се опоравуваше од повреда и остана миленик на семејството.