Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, смета дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо секоја година треба да добиваат наградата за најдобар играч во светот. Аргентинецот и Португалецот досега имаат освоено по пет „Златни топки“, а секоја година се во конкуренции за оваа награда.
„Како воопшто некој може да избира помеѓу нив двајца? Мислам дека двајцата треба да ја добиваат наградата. Секоја година. Тешко е да се каже кој е подобар“, рекол Бербатов.
„Роналдо сака признанија бидејќи е амбициозен, сака да ги стуши сите рекорди. Меси тоа не го покажува, но сигурен сум дека мисли дека може секого да ‘уништи’. Кога сте толку добри тогаш сте свесни за тоа“, заклучил поранешниот бугарски репрезентативец.
Меси пред неколку недели ја доби наградата „ФИФА Бест“, додека УЕФА за играч на годината го избра Вирџил ван Дајк.