Top Sport

„Меси и Роналдо во ист тим? Незамисливо е тоа“

Фудбалерот на Јувентус Хуан Квадрадо рекол дека не може да ги замисли Кристијано Роналдо и Лионел Меси во ист тим.

Откако Меси во вторникот побарал да го раскине договорот со Барселона спортската јавност шпекулира каде би можел тој да ја продолжи кариерата.

Наводно Манчестер сити, ПСЖ и Интер ќе се борат за неговиот потпис. Меѓут потенцијалните кандидати фигурира и Јувентус.

„Тоа не можам да го замислам. Едоставно не верувам дека такво нешто може да се случи. Но, луѓето не веруваа ни во Кристијано па тој заврши во Јувентус“, изјавил Квадрадо за ЕСПН.

Scroll to Top