Лионел Меси и Луис Суарез имале намера на залезот на кариерите повторно да бидат соиграчи. Барселона го избркаа Суарез, кој кариерата ја продолжи во Атлетико Мадрид, додека Меси остана на „Ноу Камп“, но се уште не решил дали ќе остане во Барселона и наредната сезона.
Радио Каталонија открива дека планот на Меси и Суарез бил еден ден да играат во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Овој извор наведува дека тоа нема да се случи пред 2022 година, дотогаш Аргентинецот и Уругваецот ќе играат во Европа.
Меси во интервјуто за „Ла Секста“, откртил дека редовно одржува контакт со својот голем пријател Суарез, но и со Нејмар од ПСЖ.