Top Sport

Меси им кажал на сонародниците од ПСЖ дека ќе продолжи со Барса

Леандро Паредес открива дека бил шокиран од трансферот на Лионел Меси во Пари Сен-Жермен, откако на своите сонародници од францускиот клуб минатото лето им кажал дека ќе го продолжи договорот со Барселона.

17-годишниот престој на „Ноу Камп“ на Меси заврши во август 2021, откако Барселона потврди дека не може да му даде нов договор поради финансиската криза и правилата на шпанската лига. ПСЖ потоа го доби Аргентинецот на слободен трансфер и самиот Паредес бил шокиран. Паредес беше фотографиран со повеќе фудбалери на ПСЖ со Меси на Ибица пред да биде објавен трансферот.

„Се видовме во Ибица еден ден претходно и тој кажа дека оди во Барселона за да го продолжи договорот. Тоа беше разговорот. Сите му велевме да дојде кај нас, но ни кажа дека работите се договорени и дека утрото патува да потпише. Не знам што се случило на патот до Барселона, но кога кажаа дека доаѓа во Париз не верував. Му кажав: ‘Додека не те видам во дрес на ПСЖ, не ти верувам’“, открива Паредес.

Меси не ја продолжи магичната форма на „Паркот на принцовите“ со само 9 гола во 32 настапи во сите напреварувања, иако има 13 асистенции и ја освои титулата од Лига 1.

Scroll to Top