Top Sport

Меси „изеде“ седум тренери, треба да го избркаат од репрезентацијата

Најдобриот аргентински фудбалер Лео Меси целосно потфрли на првите два натпревари што Аргентина ги одигра на Светското првенство во Русија. Против Исланд промаши пенал за победа, а против Хрватска како да не беше на теренот.

Еден од од оние што смета дека Меси е виновен за лошите резултати е тренерот Рикардо Ломабарди. Тој смета дека Меси треба да биде избркан од националниот тим.

„Меси „изеде“ седум тренери. Дури мислам и дека намерно игра лошо за во оган да биде фрлен Сампаоли. Тие треба да го избркаат. Меси не се грижи за ништо, тој игра против указот на тренерот. Сака да биде опкружен со играчи што тој ги сака, а не да игра со најдобрите“, порачал Ломбарди, кој е тренер на Тигре, а најголем дел од кариерата работел во Аргентина.

Scroll to Top