Лионел Меси се израмни со Кристијано Роналдо со освојувањето на четвртата „златна копачка“ добивајќи ја наградата за најдобар стрелец во сезоната 2016/17.
Меси постигна 37 гола во Ла лига во 2016/17 година, за по четврти пат да ја освои наградата по успесите во 2010, 2012 и 2013 година. Неговиот импресивен скор дојде од 34 натпревари и тој ги победи Баст Дост, кој постигна 34 гола за Спортинг во португалската лига и Пјер-Емерик Обамејанг, кој имаше 31 гол во Бундеслигата за Борусија Дортмунд.
Македонија исто така има свој поранешен носител на оваа престижна награда, откако Дарко Панчев во 1991 година го доби трофејот за 34-те гола со тогашниот европски шампион, Црвена звезда.
Роналдо, кој ја освои наградата во 2008, 2011, 2014 и 2015 постигна 25 гола лани и не беше ниту во топ 5. Луис Суарез беше петти со 29 гола, еден помалку од четвртопласираниот Роберт Левандовски за Баерн Минхен.
30-годишниот Меси наградата ја доби во „Антигва естрелја дам фабрика“, даде официјално интервју за „Марка“, шпанскиот весник кој ја спонзорира наградата, кое ќе биде објавено во сабота, меѓутоа одби да зборува за својот нов договор со Барселона бидејќи тековниот му завршува на крајот на сезоната.
„Знам дека сите размислуваат за обновувањето на договорот со Барселона, но денеска нема да зборуваме за тоа“, изјави Хуан Игнасио Гаљардо, директорот на „Марка“.