Лионел Меси во деветтиот меч против Челси го постигна својот прв гол откако Кристенсен му „подари“ шанса која не можеше да ја пропушти за Барса да си замине со позитивни 1:1 од тешкото гостување во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Челси секогаш бил незгоден противник за Каталонците, и тоа најдобро се покажа во првото полувреме, кога и покрај тоа што Барселона ја имаше теренската иницијатива и поседот на топката, двете најсериозни шанси ги имаа „Сините“, откако Бразилецот Вилијан двапати ја стресе рамката на голот.
⏰ After 730 minutes of football…
….Lionel Messi finally scores against @ChelseaFC. ⚽️✅
(? @btsportfootball)
pic.twitter.com/7T9d1kJaNR— SPORF (@Sporf) February 20, 2018
Вилијан, конечно, го посака среќата во 62. минута, кога по асистенција на Азар донесе водство за Челси, со кое англискиот шампион дојде во голема шанса да направи голема предност по првиот меч. Меѓутоа, тоа никој не му го кажа на 21-годишниот дански дефанзивец Андреас Кристенсен, кој загуби топка на својата половина, дозволувајќи Меси да постигне гол за помирен реванш на „Ноу Камп“.
Со овој гол, Меси сега нема постигнато гол само против 11 фудбалски тимови.
Челси и Интер се меѓу тимовите против кои Меси не може да погоди