Top Sport

Меси ќе биде на ВИП ложата за Бока-Ривер!

Можеби како дете е заминат од Аргентина и поголемиот дел од својот живот го минува во Шпанија, Лео Меси сепак е Аргентинец и нема да го пропушти вториот меч од финалето на Копа Либертадорес меѓу ривалите Бока јуниорс и Ривер Плата.

Меси не ја крие својата љубов кон својот прв тим Њуел Олд Бојс, дури велејќи дека на крајот на кариерата повторно сака да заигра таму, но во недела тој ќе биде на дуелот на двата најпопуларни аргентински клубови на „Сантијаго Бернабеу“, нормално на приватна ВИП-ложа.

Меси прво го чека каталонското дерби со Еспањол во сабота, по што недела ќе биде ден за опуштање, откако Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) даде покана за сите фудбалери од Јужна Америка да присуствуваат на големиот меч, кој контроверзно е преселен од Буенос Аирес.

Scroll to Top