Top Sport

Меси ќе го одигра 700 натпревар за Барселона

Лионел Меси утре против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите ќе го одигра 700 натпревар во дресот на Барселона.

Меси за Барселона дебитирал во 2004 година против Борусија ќе го одигра 144 натпревари во европските купови. Аргентинецот има одиграно 460 натпревари во Ла Лига, 73 во Купот на Шпанија и 23 во останатите натпреварувања.

Тој е вториот играч на Барселона што одиграл најмалку 700 натпревари, пред него е само Чави Ернандез со 767.

Меси на претходните 699 натпревари постигнал 612 голови и забележал 248 асистенции.

Со Барселона овој 32 годишен фудбалер освоил 10 титули во Ла Лига, четири во ЛШ, шест во Купот на Шпанија, осум во Суперкупот на Шпанија, три во УЕФА Суперкупот и три светски клупски трофеи.

Scroll to Top