Top Sport

Меси ќе потпише со Манчестер сити ако не го освои СП?

Лионел Меси не планира да остане во Пари Сен-Жермен, ниту да се врати во „својата“ Барселона, туку фудбалската кариера би сакал да продолжи под својот поранешен тренер, Пеп Гвардиола во Манчестер сити, тврди каталонскиот весник „Ел насионал“.

Според нивните извори, Меси е целосно фокусиран на Аргентина и на Светското првенство, но тоа што ќе се случи во Катар ќе има влијание на неговата одлука. Ако ја круниса кариерата со трофеј, тој би се одлучил да се врати во Барселона за да се приближи до крајот на кариерата, но ако не успее, тогаш ќе бара мотивација во Манчестер под водство на тренерот кој успеа да го извлече максимумот од него.

Неодамна, самиот Меси зборуваше за влијанието на Гвардиола.

„Гвардиола го направи фудбалот лош, така зборуваа… Но, потоа, сите сакаа да го копираат и веднаш почнавме да среќаваме нови и нови Гвардиоли. Така знаете што успеа дда направи. Тој има посебно чувство за ‘читање’ на играта. Тоа што ќе ви каже дека ќе се случи, најверојатно ќе се случи“, изјави Меси.

Scroll to Top