Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, одговорил на обвинувањата од Лионел Меси, дека трофејот на Копа Америка „бил наменет за Бразил“.
Петкратниот освојувач на Златната топка, Меси, беше многу лути по елиминацијата на Аргентина, токму од Бразил во полу-финалето на Копа Америка. По мечот тој ја обвини КОНМЕНБОЛ за корупција и рекол дека континенталното првенство е наместено.
Овие негови изјави за бразилските медиуми го коментирал претседателот Болсонаро.
„Што рекол Меси? Неговите критики се само шоу“, изјавил бразилскиот претседател.