Top Sport

Меси купувал куќа во Милано

Меси купува куќа во Италија, во Милано откаде што е фудбалскиот клуб Интер кој не крие дека доколку му се укажа можност ќе го ангажира Аргентинецот.

Италијанските медиуми пишуваат дека таткото на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Жорге Меси барал да купи куќа во „градот на модата“.

Прашање е дали оваа инвестиции што ја прави Меси сениор воопшто е поврзана со неговиот син или е само бомбастична вест на италијанските медиуми.

Италијанската влада во 2017 година ги намали даноците за богатите странци кои ќе решат да живеат во земјата.

Scroll to Top