Лионел Меси го постигна својот 600. професионален гол на совршен начин со магичен гол од слободен удар за 1:0 победа над најблиските ривали во трката за шпанската титула, Атлетико Мадрид за да се одвојат на осум поени на 11 кола пред крајот на сезоната.
Аргентинецот го најде аголот на голот на Јан Облак во 26. минута за да донесе важни три поени за Каталонците и во исто време ја стопираше „жешката“ серија на „јорганџиите“ кои имаа шест лигашки победи во низа.
Меси е најдобар стрелец во Ла лига оваа сезона со 24 гола, а исто така и најдобар стрелец во историјата на првата шпанска лига, во историјата на Барселона и во историјата на аргентинската репрезентација. 30-годишниот ветеран има 539 голови за Барса во сите натпреварувања и 61 гол за Аргентина.
Фото: ЕПА
Барселона – Атлетико. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.