Top Sport

Меси: Ми недостига Роналдо

Лионел Меси најдобриот фудбалер на Барселона, со една своја изјава потврди дека го почитува Крстијано Роналдо и дека оваа сезона им недостига нивното ривалство во Ла Лига.

Роналдо минатата сезона ја мина во Јувентус, а без него Реал играа катастрофално, сезоната ја завршија со 18 порази.

Меси уште по објавувањето на веста дека Роналдо го напушта Реал ги предвиде последиците со кои подоцна се соочи „кралскиот клуб“.

„Им кажав уште на почетокот на сезоната, а потоа некои луѓе во Мадрид се налутија. Не можете да останете без играч каков што е Роналдо кој постигнува по 50 гола во сезоната и да продолжите по истиот пат. Очигледно е дека на Ла Лига и недостигаат најдобрите играчи, тие ја прават лигата таква кава што е. Беше убаво да се игра против него и јас и тој вадевме максимум. Самото присуството на другиот беше добро за нас како играчи“, рекол Меси за „Фокс Спорт“.

Ривалството помеѓу Меси и Роналдо во Ла Лига ќе остане запаметено како едно од најголемите во историјата на спортот.

Scroll to Top