Осман Дембеле во летниот преоден рок за „големи пари“ пристигна во Барселона, каде требаше да биде замена за Нејмар, но младиот Французин засега не ги оправда вложените пари во неговиот трансфер.
Дембеле не е стандарден иако на тоа влијаеше и повредата со која се здоби во септември минатата година и која три месеци го оддалечи од фудбалските терени.
Шпанскиот „Дон Балон“, кој не ретко објавуванепроверени информации кои се во демен на шпекулации, во саботното издание објави дека Лионел Меси „газдата“ во соблекувалната на Барса, му порачал на Дембеле дека може да си замине бидејќи не може да се вклопи во играта.
Наводно интерес за Дембеле покажал Арсенал, а менаџерот Арсен Венгер понудил скормни 60 милиони евра за Дембеле. Сепак Барселона за оваа сума нема намера да го породаде крилниот напаѓач бидејќи за него на Борусија и плати 140 милиони евра.