Лионел Меси со емотивна порака на Инстаграм му се заблагодари за се што тој направил за него во кариерата. Аргентинецот и Луис Суарез не беа присутни на прес конференцијата, на која Иниеста објави дека по завршувањето на сезоната, по 22 години, ќе ја напушти Барселона.
Непојавувањето на Меси и Суарез ги предизвика медиумите да започнат со шпекулациите дека Иниеста не е во најдобри односи со овоие двајца.
Меси, на Инстаграм, му одаде признание на легендарниот фудбалер.
„Андрес, ти благодарам на фудбалот што го понуди сите овие години. Бев привилегиран што можев да уживам во овој спорт заедно со тебе и што имаме толку незаборавни заеднички моменти. Ти посакувам се најубаво во новата етапа, во професионалниот и приватниот живот. Ти си феномен, на и надвор од теренот. Многу ќе ми недостигаш“, напишал Меси.
Иниеста по завршувањето на сезоната ќе го соопшти името на својот нов тим, а извесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Кина.