Top Sport

Меси на суд го победи „Маси“

Лионел Меси извојува уште една победа, овојпат пред Судот на Европската Унија во Луксембург, и тоа против „Маси“, производителот на велосипеди.

Судот реши во корист на Меси, кој тврдеше дека „Маси“ лесно може да биде збунет со личниот бренд на Лионел Меси во легална процедура која започна во 2011 година.

Пред седум години, Меси побара од уредот за интелектуална сопственост на бреднот „Меси“ и тврдеше дека може да дојде до забуна со „Маси“, нешто што го изненади сопственикот Хаиме Масферер Кома, посебно бидејќи неговата компанија произведува велосипеди од 1934 година.

Судот го отфрли аргументот дека не може да дојде забуна поради интернационалната слава на Меси и дека е тешко да се помешаат тие две работи.

Scroll to Top