Можеби поради тоа што живее таму, или поради тоа што речиси половина од репрезентацијата се негови пријатели, но напаѓачот на Барселона, Лионел Меси вели дека не би сакал Аргентина да се падне во иста група со Шпанија на СП во Русија следната година.
„Не би сакал да се паднеме со нив, бидејќи се едни од нашите можни противници. Поради тоа што се, поради тоа што го имаат, подобро би било да ги избегнеме. Тоа би бил многу тежок ривал за нас“, вели Меси во интервју за аргентинскиот ТВ-канал „ТиЦ“.
Меси и Аргентина претходно трипати се соочиле со Шпанија, со два порази и една победа, но трите натпревари биле од пријателски карактер. Во октомври 2006, Шпанија со 2:1 ја совлада Аргентина во Мурсија, во ноември 2009, Шпанија го повтори успехот со 2:1 на „Висенте Калдерон“ во Мадрид (Меси постигна гол од пенал), пред во септември 2010, во Буенос Аирес, Шпанија да стигне до 4:1 победа (Меси постигна еден гол).
Шампионите од 2010, Шпанија се во вториот шешир за ждрепката, заедно со Англија, Колумбија, Мексико и Уругвај пред ждрепката на 1 декември во Москва. Италија, доколку ја мине Шведска во баражот ќе биде во овој шешир.
Први носители се седумте најдобри нации според листата на ФИФА – Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција, заедно со домаќинот Русија. И кои се фаворитите според Меси?
„Се надевам ние, но и Шпанија, Бразил, Германија и Франција“, изјави Меси.