Top Sport

Меси не бил сериозно повреден

Лионел Меси синоќа против Вилјареал одигра само едно полувреме. Тој се пожали на повреда во првиот дел, а тренерот Валверде, рекол дека на полувремето го оставил во соблекувалната од претпазливост.

„Кога Меси ќе се повреди застанува целиот свет“, рекол Валверде.
Официјални информации околу повредата на Меси нема, а шпанските медиуми шпекулираат дека повредата не е сериозна.

Според тие извори Меси в сабота против Хетафе ќе биде на клупата и доколку Барселона има добар резултат тогаш нема да влегува во игра.

Потоа за Барселона следуваат два важни натпревари на кои Меси би требало да игра, против Интер во Лигата на шампионите и против Севилја во Ла Лига.

Scroll to Top